Општа тепачка на меч во Србија – ги удираа и фудбалерите што лежеа на трева (ВИДЕО)

Голем инцидент го одбележа натпревар од пониските фудбалски лиги во Србија, каде што дојде до општа тепачка меѓу играчите и навивачите на тимовите Бане Рашка и Шумадија од Драче.

Нередите се случиле за време на натпреварот од 10. коло во Зона Морава, а според снимките што кружат на социјалните мрежи, ситуацијата излегла целосно од контрола. Неколку фудбалери биле нападнати дури и додека лежеле на тревата.

Во моментов сè уште не е познат точниот повод за започнувањето на тепачката, а се очекува надлежните органи и фудбалските институции да покренат истрага за инцидентот.