
Нов квалификациски предизвик за ракометарките, Македонија ја пречекува Словенија!
По дебаклот од Германија, македонските ракометарки денеска сакаат да се прикажат во многу подобро светло на мечот со Словенија.
Македонија има лоша традиција против Словенките, последен пат ги имаме победено во 1999 година. Тие имаат победено деветпати во меѓусебните дуели, ние трипати, еден меч завршил нерешено.
Словенија е фаворит за победа и денеска, тие со триумф над Белгија ги стартуваа квалификациите.
Селекторот Грчевски има проблеми со составот, нашата најдобра ракометарка поради повреда го пропушти мечот против Германија, а нема да игра ниту денеска против Словенија. Таа не е ниту во составот.
Проблеми со составот имаат и Словенките, тие нема да сметаат на капитенот Тјаша Станко, како и Манча Јуриќ и Лана Пунцер.
Македонија денеска ќе се обиде да одигра многу подобро отколку на гостувањето во Германија и доколку може да ги изненади Словенките.
На Европско првенство одат првите две, како и најдобрите четири третопласирани од шестте квалификациски групи.