Лудо: Тројка преку цел терен - ова ретко се гледа! (ВИДЕО)

Меч со неверојатен финиш од шпанската кошаркарска АЦБ лига, Андора имаше три поени негатива на свој терен против Жирона и успеа да победи на луд начин.

Домаќините имаа нешто повеќе од една секунда за да се спасат од пораз, тогаш Рафа Луз направи магија. Шутираше преку цел терен и погоди за израмнување, натпреварот отиде во продолжение.

По две одиграни продолженија Андора на крајот го доби мечот со 115-113.

Ова е тројката која ќе се прераскажува: