
По авантурата во Барселона, Левандовски ќе игра за уште еден гигант!?
Левандовски има договор со Барселона до следното лето, а веќе бил контактиран од Милан за да ја продолжи кариерата во Сериај А.
Напаѓачот верува дека и следната сезона може да игра на врвно ниво, па најверојатно би ја делел соблекувалната со Лука Модриќ со кој водеа жестоки борби во Ла Лига.
Полјакот одигра 154 меча за Каталонците, а притоа постигна 105 голови и 20 асистенции.
Фото: Facebook/FC Barcelona