
Алкараз ја освои титулата во Токио, па соопшти лоши вести
Како причина наведе дека има физички проблеми, но не откри детали пред новинарите. Сепак, најверојатно станува збор за повредата од почетокто на турнирот во Јапонија, кога се пожали на болка во зглобот.
„Многу сум разочаран што морам да ви соопштам дека се повлекувам од Мастерсот во Шангај. За жал, веќе некое време се соочувам со физички проблеми и со мојот тим решивме дека е најдобро да одморам“, кажа Алкараз.