Веспрем го надигра Магдебург и ќе се бори за светската титула

Ракометарите на унгарскиот гигант Веспрем триумфираа со 23-20 против германски Магдебург во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Магдебург беше подобра екипа на теренот и тоа го покажа уште на стартот кога стигна до водство од 8-5, по што Веспрем успеа да израмни на 9-9, меѓутоа германскиот состав со два гола по ред стигна до 11-9 пред паузата.

Во воведните минути од вториот дел се играше гол за гол сè до 13-14, по што следеше серија од 4-0 на Веспрем и целосен пресврт (17-14).

Германскиот тим даваше сè од себе за да ја врати неизвесноста, меѓутоа Веспрем успеа да се одбрани и да триумфира со 23-20.

Веспрем во финалето на Светското клупско првенстов ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Ал Ахли и Барселона.

Фото: Veszprém Handball Club