Медведев едвај стоеше, а судијата го предупреди дека намерно губи поени (ВИДЕО)

Рускиот тенисеер Данил Медведев го зарши учеството на турнирот во Пекинг, иако беше на чекор од пласман во финалето.

Подобар од Медведев беше Лернер Тиеен, вторпат оваа сезона, претходно го победи и на Австралија Опен. Американецот до победата дојде откако Медведев го предаде мечот при резултат 5-7, 7-5 и 4-0 за Тиен.

Причина за повлекувањето беа грчеви кои го мачеа Медведев и не можеше да го продолжи мечот. Интереесно беше што во моментите кога Медведев се мачеше на теренот и едвај одеше од грчеви доби предување од судијата за недоволно залагање.