
Официјално: Србија го избра наследникот на Пешиќ!
Пешиќ ја напушта клупата по неуспехот на Евробаскетот, а Алимпијевиќ стави потпис на тригодишна соработка.
Алимпијевиќ е млад стратег, но сепак зад себе има искуство со работа во Еврокупот и Евролигата, исто така го освои признанието за тенер на годината во Еврокупот во 2022 година.
Во овој момент тој го предвoди турски Бешикташ. Првите предизвици со репрезентацијата на Србија го очекуваат во ноември кога започнуваат квалификациите за Светското првенство во 2027 година каде што Србија е во група со Турција, Босна и Херцеговна и Швајцарија. На клупата ќе дебитира против Швајцарија на 27 ноември, додека три дена подоцна е закажана пресметката со БиХ.
Алимпијевиќ низ својата кариера соработуваше и со Перо Антиќ кога ја предводеше Црвена Звезда каде што доби отказ пред крајот на сезоната 2017/2018.