
Судијата е виновен што Алексовска нема да се бори за злато на СП во ММА (ФОТО)
Имено, според реакцијата, Алексовска загубила поради зафат кој е забранет, а како што соошти нејзиниот тренер Ивица Алексовски тие испратиле и жалба. Сепак, за жал македонската претставничка нема да има некоја посебна корист од жалбата, бидејќи најмногу што може да се случи е судијата да биде казнет поради грешка.
„Тоа што не го видовме за време на борба, се чудевме како беше зафатот, при преглед на борбата видовме дека се работи за забранет зафат Пишавме поплака до ИММАФ, на која ни рекоа дека е ОК, ама сме требале веднаш по борбата да се пожалиме Не е дозволено снимање, сликање, немаш интернет, а имаш време од 5 минути да се жалиш чудни правила. 2ца официјални судии за ММА од ЕУ се согласија дека е класичен „neck crank“… Од нашата жалба може само да го избркаат судијата заради незнаење“, стои во oбјавата на Алексовски на социјалните мрежи.
Алексовска во текот на борбата зададе повеќе удари и тргна офанзивно, а борбата ја загуби откако се предаде во втората рунда.