Мурињо со солзи се врати на „Стемфорд бриџ“ - имаше трогателна средба со вработена (ВИДЕО)

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, пред утрешниот дуел во Лигата на шампионите против Челси, предизвика големо внимание со емотивното враќање на „Стемфорд Бриџ“, каде што во два наврати го предводеше лондонскиот клуб и остана запаметен како најуспешен менаџер во неговата историја.

Тој изјави дека „секогаш ќе биде син“ и ги купи сите во прес-салата на клубот. Мурињо, кој со Челси ја освои Премиерлигата во 2005, 2006 и 2015 година, потсети дека неговата приказна е нераскинливо поврзана со клупската историја.

„Јас сум дел од нивната историја, а тие се дел од мојата. Помогнав Челси да стане поголем клуб, а Челси ми помогна да бидам поголем Жозе. Ако сега не сум син, тоа е само затоа што имам друга работа за вршење и се надевам дека навивачите ќе ме разберат“, рече Мурињо.

Тој додаде дека Челси во еден период изгледало како да ја изгубил својата идентичност, но минатата сезона повторно се вратил на вистинскиот пат со освоената Лига на конференции и Светското клупско првенство.

„Тоа е големо достигнување кое ќе им даде уште поголема самодоверба“, нагласи Португалецот.

Враќањето на „Специјалниот“ во Лондон не беше само професионално. Мурињо имаше трогателна средба со Тереза Конели, долгогодишна вработена во клубот, која е дел од Челси речиси пет децении. При излегувањето од салата за медиуми, тој ја препозна и ѝ „подари“ топла прегратка и бакнеж на чело – гест кој ги надмина протоколите и ја откри неговата искрена поврзаност со клубот.