Објавен списокот за дуелите со Словенија и Германија – третина ракометарки се од странство!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, денеска го објави поширокиот список со ракометарките на кои смета на претстојните дуели против Германија и Словенија во квалификациите за ЕП 2026.

Со оглед што покана е испратена до 35 ракометарки, очекувано нема изненадување односно повикани се најдобрите кои ги имаме во моментов. За одбележување е фактот што третина од нив настапуваат во странство, а куриозитет е и фактот што на списокот има шест ракометарки од новиот тим формиран годинава – ЖРК Атлетик.

Македонија првиот меч од квалификациите за ЕП 2026 ќе го одиграат на гости кај Германија (16 октомври), а три дена подоцна ќе ја пречекаме Словенија. Списокот на Грчевски можете да го видите ТУКА.