
Алкараз продолжува да гази сѐ пред себе: Во Токио дојде до третата титула по ред!
Со овој триумф, младиот Шпанец ја продолжи својата импресивна форма и стигна до трета последователна титула по победите во Синсинати и на Ју-Ес опен. Ова му е осма титула за сезоната и вкупно 24. во професионалната кариера. Алкараз последен пат беше поразен на официјален турнир во финалето на Вимблдон од Јаник Синер.
Финалето во Токио беше петти меѓусебен дуел меѓу Алкараз и Фриц, а четврти во кој Шпанецот извојува победа. Турнирот во главниот град на Јапонија имаше награден фонд од 2.226.470 американски долари, а победникот ќе инкасира 750.000 долари.
ФОТО: EPA PHOTO