
Пике зборуваше за иднината на Меси: Тоа е негова лична одлука!
Жерар Пике зборуваше за медиумите и кажа дека негова желба е Меси да остане, но Аргентинецот сам ќе донесе одлука.
„Тоа мора да го прашате Меси. Јас не знам. Сите сакаме да остане, но тоа е негова лична одлука. Се надевам дека ќе го убедиме да остане уште неколку години“, кажа Пике.
Исто така, Пике кажа дека е тажен затоа што клубот го напуштил Луис Суарез.
„Бев тажен кога си замина. Тој помина многу време со нас и споделивме многу моменти“, вели дефанзивецот.