Петти гол за Тричковски на третиот натпревар за АЕК сезонава (ВИДЕО)

Иван Тричковски денеска постигна погодок во ремито 2-2 на АЕК Ларнака на гостувањето кај Олимпијакос Никозија во рамки на кипарскиот шампионат. 

Нашиот репрезентативец погоди од белата точка во 27-та минута од натпреварот и во тој момент му донесе водство на својот тим од 2-0. Домашниот тим на крајот сепак се избори за бод, но мора да се напомене дека АЕК речиси цело второ полувреме го играше со играч помалку.

Тричковски продолжува во одлична форма сезонава во домашното првенство и за него ова беше вкупно петти погодок на три натпревари.