Пеп: Де Брујне не е повреден, јас одлучив да не игра против Реал!

Пеп Гвардиола вели дека од тактички причини не го играл Кевин Де Брујне против Реал Мадрид, Белгиецот нема никаква повреда.

Изненадувачки Кевин де Брјуне не само што не беше стартер против Реал Мадрид на Бернабеу, туку воопшто и не влезе во игра.

На денешната прес-конференција по повод новото коло од Премиерлигата, Гвардиола беше запрашан дали некаква повреда е причината што Де Брујне не играл на тој меч.

„Кевин де Брујне не играше против Реал Мадрид бидејќи јас донесов таква тактичка одлука. Тој не е повреден“, рече Гвардиола.

„Одлуката е моја. Се разбира дека тој се уште може да игра на големи натпревари, играше против Реал Мадрид на домашен терен, па се разбира дека може“.