Пандев постави рекорди во Калчото и тоа – најнеобични (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, актуелниот член на Џенова, завчера доби пола час во победата на неговиот тим против Калјари, а тој меч му донесе да се запише уште еднаш во историјата на Калчото, само овојпат е – рекордер.

Тој меч на Пандев според прецизните статистичари му бил 153-от во Серија А, на кој влегол во игра како резерва и ниту еден фудбалер во историјата нема толку настапи во Калчото како резерва.

И овој ваков необичен рекорд не бил единствен. Пандев го држи и рекордот по број на мечеви на кои бил заменет во текот на еден меч, како стартер. Рекордот му е 199 и следниот кога за Џенова ќе тргне од почеток ќе му биде јубилеен 200-ти.

Македонскиот репрезентативец кој две децении е на Апенините веќе се запиша во историјата како еден од малкумината странци со над 400 настапи во Серија А (445) и близу е до 100 гола во најсилната италијанска лига.