Пандев: Одиме заедно и следната сезона, сакам пак да ја доживеам атмосферата на „Мараси“

На македонскиот репрезентативец Горан Пандев му се исполни желбата да избори опстанок во Серија А заедно со Џенова.

Пандев сезонава постигна девет погодоци за Џенова, а сега испрати и порака преку социјалната мрежа Инстаграм.

„Беше долга и тешка сезона, во која фудбалот падна во втор план. Делуваше како вистинско чудо ако го завршиме првенството, но животот почна одново и покрај потешкотиите. Среќен сум што играм за Џенова. Среќен сум што опстанокот ни донесе олеснување на сите во црвено-сините срца. Одиме напред со самодоверба. Шампионатот е завршен, а следниот нè очекува. Би сакал и следната сезона да ја почуствувам и доживеам атмосферата на ‘Мараси’“, напиша Пандев.