Паднаа сите рекорди - ни дресовите на Роналдо не се продаваа како оние на Мбапе
Во продавниците на Реал беа пуштени во продажба пред три дена, а веднаш потоа можеа да се порачаат и онлајн, пред официјалната интернет страница на мадридскиот клуб. За само еден ден, Реал заработи 800 илјади евра од продажбата на дресовите на Мбапе, а во исто време се продадени 7.000 дреса во официјалните продавници во Мадрид. Голем дел од овие средства ќе отидат на сметката на Мбапе бидејќи таков беше договорот меѓу него и клубот, со цел да не се создаде јаз со останатите фудбалери во тимот кога станува збор за платите.
Таков интерес немало ни за Кристијано Роналдо кој пред точно 15 години се пресели од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид и беше блескаво претставен. Сепак, мора да се има предвид дека тогаш не постоеше онлајн продажба и дресови се купуваа само со физичко присуство во продавниците на Реал.