Овации и солзи: Барселона го испрати својот маестро - Андрес Иниеста (ВИДЕО)

Барселона синоќа организираше посебен настан за да му се забалгодари на Андрес Иниеста за сите години минати во клубот. На „Камп Ноу“ присуствуваше целиот тим на „каталонците“, неговото семејство, блиските пријатели, како и многу негови поранешни соиграчи.

Иниеста беше поздравен со овации од присутните, а најемотивен беше неговиот поранешен партнер од средниот ред, Чави, кој не можеше да ги сопре солзите. Овој тандем беше главниот мотор на една силна Барселона, која беше страв и трепет за противниците. 

Со Иниеста се поздравија и голем број на други фудбалери и останати спортски ѕвезди како Џиџи Буфон, Франческо Тоти, Тјери Анри, Хорхе Лоренцо, Рафаел Надал и други.

Иниеста по 22 години си оди од Барселона и кариерата ќе ја продолжи или во Кина или во Јапонија.