Историска трка во Монако: Леклер првпат славеше на домашен терен

Возачот на Ферари, Шарл Леклер го запиша своето место во историјата на Формула 1 откако денеска стана прв натпреварувач од Монако кој триумфирал на трката за Големата награда на оваа земја.

На неколкуте претходни трки, тој не успеа да дојде до триумф, но затоа денеска го оствари историскиот триумф, на задоволство на фановите на трибините и покрај патеката. Трката ја одбележа инцидентот на почетокот во кој настрада болидот на Серхио Перез поради што мораше да се оди на повторен старт.

Вториот беше успешен, сите возачи останаа на своите позиции од кои тргнаа, а за време на паузата речиси сите ги сменија своите гуми. Шарл Леклер ја поведе трката од стартот, Пјастри беше на второто место, додека Саинс остана трет. Така остана до самиот крај, но во меѓувреме, специфично за трките во Монако, имаше класично забавување на водечката тројка поради што ништо не се смени до целта.

Норис го освои четвртото место, а по него завршија Расел и Ферстапен за кого ова е најлош пласман оваа сезона. Следната трка е на програмата на 9 јуни, за Големата награда на Канада.