Волф освои само четири гема, Алкараз лесно мина низ првото коло на Ролан Гарос

Третиот тенисер во светот, Карлос Алкараз славеше против Американецот Џеј-Џеј Волф со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-2 и 6-1 во првото коло на Ролан Гарос.

Волф направи брејк на стартот, по што Алкараз освои осум гемови по ред, односно му припадна првиот сет со 6-1 и создаде водство во вториот.

Американецот беше целосно надигран во мечот и до крајот на средбата освои само три гема (2-6 и 1-6).

Алкараз во второто коло ќе игра против победникот од дуелот меѓу Џек Дрејпер и Јепсер Де Јонг.