Валенсија со реми против Селта ја заврши сезоната во Ла Лига

Фудбалерите на Валенсија освоија само бод во последното коло од шпанската Ла Лига, откако одиграа 2-2 на гостувањето кај Селта Виго.

Домингез си постигна автогол по само пет минути за водство од 1-0 на „лилјаците“, по што Аспас на почетокот на вториот дел од пенал стрелаше за 1-1.

Мари на спротивната страна реализира удар од белата точка и ја врати предноста на гостите (2-1), но радоста кратко траеше затоа што Селта виго погоди за 2-2.

Валенсија ја заврши сезоната на деветтата позиција со 49 бодови, додека Селта виго е на 13. место со 41 бод.

На вториот меч кој се играше во истиот термин, Лас Палмас ремизира против Алавес (1-1).