Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар води со 2-0 по првото полувреме против Детонит Плачковица во бараж-мечот за опстанок во Првата лига.

Голот за водство на „црвенот-црните“ го постигна Дејан Ѓуриќ во 42. минута од натпреварот, а потоа стрелаше и Лука Шушњара за предност од 2-0.

На трибините на стадионот во Струмица имаше и голем број навивачи на Вардар, кои им даваат поддршка на „црвено-црните“ во битката за опстанок.