Oфицијално: Реал Мадрид го избрка Алонсо!

По поразот од Барселона, Реал Мадрид и официјално соопшти дека го раскинал договорот со Чаби Алонсо. 

Алонсо не успеа да ги има очекуваните резултати, па во Мадрид одлучија да ја прекинат соработката.

„Алонсо секогаш ќе ја има љубовта и почитта на сите навивачи на Реал Мадрид, бидејќи е легенда на клубот и во секое време ги претставуваше вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом“, објавија „кралевите“.

Заедно со Алонсо од Мадрид заминува и неговиот комплетен стручен штаб.