Одземени бодови на уште еден премиерлигаш!

Поради кршење на правилата за Финансискиот фер-плеј денеска му беше изречена казна на премиерлигашот Нотингем Форест.

Премиерлигата му одзема четири бодови на Нотингем Форест, откако екипата претходно не успеа да ги исполни правилата и сега падна во зоната за испаѓање од елитата.

Раководството на клубот призна дека ги прекршило правилата, но само во период од два месеци и очекуваше помала казна, но и покрај тоа му беа одземени бодови.

Претходно му беа одземени 10 бодови на Евертон, но по жалбата му беа вратени четири бода.