Одигра меч за паметење против Лацио, па одби мега-трансфер во Тотнем!

Аргентинецот роден во Шпанија, Нико Паз, блесна на првиот настап во сезоната за Комо по доаѓањето од таборот на Реал Мадрид, постигнувајќи гол и асистенција во победата над Лацио (2-0), што веднаш го стави во фокусот на трансферните шпекулации.

И покрај интересот на Тотнем, кој понудил 70 милиони евра за аргентинскиот фудбалер, Комо експресно ја одбил понудата. Лондонскиот клуб го гледа Паз како решение за позицијата која остана празна по заминувањето на Сон и повредата на Мадисон, но ни сумата ни самиот играч не би го оправдувале трансферот во овој момент. Според шпанските медиуми, Паз е целосно посветен на сезоната со Комо и не покажува желба за промена на средината.

По завршувањето на оваа сезона, тој би можел да се врати во Реал Мадрид доколку клубот од „Сантијаго Бернабеу“ ја активира опцијата за враќање во договорот, што би чинело само 10 милиони евра.