Од најголем талент во Милан сега едвај најде клуб во - трета лига!?

Хачим Мастур некогаш важеше за еден од најталентираните играчи во Европа, а во 2012 година доби договор во Милано и многумина веруваа дека ќе го искористи тоа.

Мастус своите волшебни потези ги снимал и ги прикачувал на „Јутјуб“ што воедно преку ноќ стана ѕвезда. Сепак, тој во Милан не успеа да го покаже она што се очекуваше од него. „Росонерите“ одбија да го продолжат договорот минатото лето, оставајќи го како слободен агент.

По напуштањето на „Сан Сиро“ за неговите услуги скоро никој не бил заинтересиран. Сепак, Мастур на крајот замина во Грција и потпиша за ПАС Ламиа, но веднаш започнаа скандалите.

Клубот објави дека не се појавувал на тренинзи, поради што експресно беше отпуштен на почетокот од оваа година. Со месеци, Мастур беше без клуб, но изгледа дека конечно ќе се врати на фудбалскиот терен.

Имено, италијанските медиуми пишуваат дека Мастур е пред потпис за Реџина, клуб кој се натпреварува во Серија Ц. Овој 20-годишен играч се очекува да потпише договор до летото 2022 година.

Мастур беше на проба во Парма ова лето, но не ги воодушеви тренерите на овој клуб кои му се заблагодарија за издвоеното време. Порано играше за италијанските младински селекции, правејќи го своето деби во дресот на Милан, но после тоа неговата кариера само пропаѓаше.

Ова е голема работа за него затоа што веруваме во неговиот талент и желбата за одмазда, односно докажувајќи дека тој поседува квалитет, истакна спортскиот директор на Реџина, Масимо Таиби.