
Објавен календарот: Првото коло од Премиер лигата носи големо дерби
Шампионатот ќе биде отворен со натпреварот помеѓу Ливерпул и Бормут во терминот од 21 часот.
Еден ден подоцна силите ќе ги одмерат: Астон Вила – Њукасл, Брајтон – Фулам, Нотингем Форест – Брентфорд, Сандерленд – Вест Хем, Тотнем – Барнли и Вулвс – Манчестер Сити.
Првото коло носи и големо дерби кое е закажано за 17 август (недела) и тоа едни од најголемите англиски ривали, Манчестер јунајтед и Арсенал, а во преостанатите два дуели тој ден ќе се сретнат Челси – Кристал Палас и Лидс – Евертон.
Последното коло со кое ќе се затвори сезоната е закажано за 24 мај.
Фото: EPAThe new season starts here.
— Premier League (@premierleague) June 18, 2025
2025/26 🔜 pic.twitter.com/VmoxPb8dbu