Нуњез бил пред преселба во С. Арабија, но Ливерпул не сакал да го продаде

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ал Наср бил блиску до потпис со Дарвин Нуњез во јануарскиот преоден рок.

Преговорите меѓу засегнатите страни биле во напредна фаза и речиси биле договорени финансиските детали, но Ливерпул во еден момент се откажал од трансферот.

Причината за тоа била техничка одлука, односно „црвените“ не сакале да загубат важен фудбалер во текот на зимскиот преоден рок.

Нуњез оваа сезона настапи на 33 меча за Ливерпул, а притоа постигна шест голови и пет асистенции.