Нови проблеми: Баерн остана без уште еден фудбалер до крај на сезоната!

Баерн Минхен се соочува со сериозни проблеми во финишот на сезоната затоа што се повреди и јапонскиот репрезентативец Хироки Ито, кој ќе паузира до крајот на сезоната.

Ито го повреди десното стапало на мечот од 27. коло во Бундеслигата меѓу Баерн Минхен и Сент Паули (3-2), па и тој ќе биде надвор од терените и нема да може да му помогне на гигантот во борбата за титули.

Гигантот од Минхен веќе остана без услугите на Алфонсо Дејвис, кој го чека пауза до септември, а не може да смета ниту на Дајот Упамекано.