Нова добра вест за фудбалските гурмани: Познат датумот кога ќе почне Ла Лига!

Шпанските власти дадоа „зелено светло“ за продилжување на сеозната во Ла Лига.

Според шпанските медиуми, фудбалот во Шпанија ќе продолжи на 8 јуни, а натпреварите ќе се играат без присуство на публиката. Оваа одлука ја донесе шпанскиот премиер, Педро Санчез.

Шпанија направи се што е потребно за да создадат соодветни услови за живот и сега е вистинско време народот да се врати на своите дневни активности. На тој начин, од 8 јуни повторно ќе гледаме фудбал во Шпанија, истакна Санчез, а пренесува „Марка“.

Пред крајот на сезоната, Барселона беше првопласираната во Ла Лига со 58 бода, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека Севилја беше на третото место со 47 бодови.