
Нов гол на Емини за победа на Сондерјуске, погоди и Хасани во „македонската пресметка“
Емини, поранешен фудбалер на Македонија ЃП стрелаше по само шест минути од мечот и за него ова е трет погодок, а има и три асистенции. Вториот македонски фудбалер во Сондерјиске, младинскиот репрезентативец Иван Николов играше до 70-та минута од мечот.
Од другата страна, кај Хелсингор, Ферхан Хасани даде гол, во втората минута од вториот дел, за во тој момент да го врати својот тим во мечот, но домаќините не успеаа да дојдат до барем бод, па за нив ова е четврти пораз во последните пет меча и со само осум бода остануваат претпоследни.
Сондејиске, пак, дојде до шестата победа сезонава и со 21 бод останува втор на табелата, три зад лидерот Алборг.