Ниту Барселона, ниту Ливерпул: Раиола веќе договорил трансфер на Де Лихт

Матијс де Лихт беше поврзвуван со трансфер во редовите на Барселона, но се појавија нови информации дека фудбалерот сега е многу близу до трансфер во редовите на ПСЖ. 

Иако интерес за холандскиот стопер имаше и од Премиерлигата од клубови како Ливерпул и Манчестер јунајтед, сепак неговиот агент Мино Рајола веќе ги договорил деталите со парижаните.

Италијанскиот менаџер бил виден во Париз на вечера со челниците на ПСЖ, а некои медиуми веќе објавија дека работата е завршена. За официјална објава и информација ќе се чека на назначувањето на Леонардо за нов спортски директор, кој се враќа во клубот по неколку години.

Засега не е познато колку пари ќе плати ПСЖ за Холанѓанецот, но се шпекулира со цена од околу 80 милиони евра, што ќе го направи еден од најскапите дефанзивци во светот.