Нико Ковач останува тренер на Баерн, но само под еден голем услов!

Ако некој не може да поверува што се случува во европскиот фудбал од стартот на сезоната, тоа е кризата во која влезе германскиот великан Баерн Минхен, откако во последните две недели, Баварците не личат на себе, ниту на тимот полн со ѕвезди кој е без конкренција во Бундеслигата.

Баерн синоќа загуби убедливо пред свои гледачи од Борусија Менхенгладбах со 0-3, а новиот пораз, втор во низа по тој во Берлин од Херта, најави можен отказ за хрватскиот стратег Нико Ковач, кој летово дојде од Ајнтрахт Франкфурт. И по овој пораз и серијата од четири меча без победа, алармот во Баварија веднаш се вклучи, па Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге, две големи германски легенди и челници на клубот, експресно имале состанок со Хрватот.

Германските медиуми се посомневале дека Ковач во ист момент ќе добие отказ, а дека пожарот ќе го гаси „пензионерот“ Јуп Хајнкенс, кој летово конечно замина во пензија. И по тој состанок, Ковач преживеал на клупата, но добил голем ултиматум.

Тоа што е сигурно е дека го чекаат три врзани гостувања и услов – сите да ги победи. А, на ред е гостување во Волфсбург (Бундеслига), па во Атина кај АЕК (Лига на шампиони), па Мајнц (Бундеслига) и Родингхаузен (Куп) во период од 20 до 30 октомври. Ако победи на сите, Ковач ќе ги врати потрошените кредити и ќе се намали притисокот, ако не успее – неговата авантура кратко ќе трае.

За среќа после овој меч следува пауза во која Ковач ќе може во мир да ја подготви сратегијата, како да го крене нивото на Баери, но ќе има проблем со тоа што поголем дел од фудбалерите ќе ги нема на располагање поради обврските на репрезентативците кон националните селекции за Лига на нации. Сепак, Ковач е на проблем зошто наводно ја загубил контролата во соблекувалната, а како и во случајот со Карло Анчелоти, дел од фудбалерите му вртат грб и не го даваат максимумот, па „тивкиот бојкот“ може да го плати со отказ. Проблем за Ковач е што во изминатиот период поради повреди загуби многу фудбалери, па со тоа се намали и квалитетот во ротацијата на фудбалерите (Коман, Толисо...)