Невидена ситуација: Вториот најдобар стрелец на Сити сезонава е играч на - Барнли (ФОТО)
„Граѓаните“ се најефикасен тим во англиското првенство со 20 гола, а дури 13 од нив постигна најдобриот стрелец во Премиер лигата Ерлинг Халанд. Од останатите играчи, по еден гол постигнаа Шерки, Фоден, Матеус Нуњес, Орајли и Рејндерс.

Останатите два гола се дели на фудбалерот на Барнли, Максим Естев кој иако воопшто не игра за Сити, во моментов е втор стрелец на тимот. На меѓусебниот дуел одигран на 27 септември, тој си постигна два автогола и му помогна на Сити да слави на тој меч со 5-1.