Нема подобар начин: Барса на Ел Класико може да стане шампион!
Следниот меч на Барселона и Реал Мадрид е Ел Класико дуелот кој се игра на 10. мај со почеток од 21 часот на Камп Ноу.
Од тој натпревар на Барселона ѝ е потребен само бод за да ја завери титулата.
Пред своите навивачи, против најголемиот ривал, за каталонскиот тим нема подобар начин да се круниса сезоната.
Целта на Реал Мадрид ќе биде да не го дозволи тоа и со победа уште еднаш да го одложи славјето на Барса.
Фото: X/FC Barcelona