Лион го уништи Рен во битката за место во ЛШ

Фудбалерите на Лион славеа со 4-2 против директниот ривал Рен во борбата за позициите од Лига 1 кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тамари во шестата минута погоди за предност на Рен, но Лион со головите на Јаремчук и Толисо го сврте резултатот во своја корист (2-1) до крајот на првото полувреме.

Рен на стартот на вториот дел успеа да израмни на 2-2, но потоа Лион со погодоците ан Мореира и Ендрик ги постави конечните 4-2.

Лион по 32 одиграни меча има 60 бодови на третата позиција, додека Рен се наоѓа на петтото место со 56 поени.

Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL