Реал Мадрид го надигра Еспањол и ја одложи прославата на Барселона (ВИДЕО)
По првото полувреме во кое немаше голови, „кралевите“ успеаја да стрелаат два пати во вториот дел преку Винисиус Жуниор, и тоа во 55. и 66. минута од натпреварот.
„Кралевите“ се втори на табелата со 77 бодови, додека Барселона е лидер со 88 поени, па титулата би можела да биде решена во следното коло, односно „Ел Класико“ кое е на програмата на 10 мај.