Титулата се враќа во Милано: Интер стана нов шампион во Серија А (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Интер триумфира против Парма со 2-0 и ја освои шампионската титула во Серија А на три кола пред крајот на првенството.

„Нераѕурите“ го диктираа темпото во текот на првото полувреме, а до водство стигнаа преку Маркус Турам во првата минута од судиското надополнување.

Интер ја контролираше играта и во вториот дел, а победата ја запечати Хенрик Михтарјан со гол во 80. минута (2-0).

Екипата од Милано со оваа победа стигна до 82 бодови, односно 12 поени повеќе од Наполи на три кола пред крајот. Зад нив следат Милан со 67 и Јувентус со 65 во топ-4 во Серија А.