Волфсбург освои голем бод против Фрајбург во борбата за опстанок

Фудбалерите на Волфсбург одиграа нерешено против Фрајрбург (1-1) во 32. коло од Бундеслигата.

Константинос Кулиеракис во 55. минута донесе предност за „волците“, кои успешно се бранеа од нападите на противникот сè до 75. минута кога Линхарт стрелаше за конечни 1-1.

Волфсбург е на 16. позиција со 26 бодови, додека Фрајбург се наоѓа на седмото место со 44 поени.

Фото: Facebook/VfL Wolfsburg