Антонели победи во Мајами, катастрофа за Леклер во финишот (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели славеше на трката за Големата награда на Мајами,при што зад себе ги остави Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен.

Антонели продолжи со доминацијата оваа сезона во „најбрзиот циркус“ и испиша историја со третата победа по ред во Ф1, а исто така стигна до 100 поени по четири извозени трки.

По водечката тројка завршија Џорџ Расел, Макс Ферстапен, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Леклер беше вистински трагичар, откако од пол-позиција падна до шестото место во последниот круг, а притоа имаше контакт и извртување на патеката поради кое можеше да го уништи болидот, но за среќа успеа да го исконтролира болидот.