Скопје 2014 е нов шампион во македонската женска лига!

Фудбалерките на Скопје 2014 денеска триумфираа со 8-0 против Топ Гол и ја освоија шампионската титула во македонската женска Прва лига.

Скопје 2014 има неверојатна сезона во Првата лига, односно по 23 одиграни кола запиша дури 22 победи и само еден пораз, па доминантно ја освои својата петта титула во клупската историја.

Тиверија Струмица во моментов е на втората позиција со 51 бод, по што следи Љуботен со 47, а Истатов 2015 има еден поен помалку.

Фото: Instagram/zfkskopje