Бетис го прегази Овиедо и направи чекор напред кон Лига Европа

Овиедо беше лесен „залак“ за разиграните ѕвезди на Бетис, кои триумфираа со 3-0 во 34. коло од шпанската Ла Лига.

Бетис постигна два од головите во првото полувреме преку Чучо Ернандез и Езалзули со што на паузата замина со предност од 2-0.

Овиедо стрелаше преку Винас во вториот дел, но голот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд, по што Ернандез ги постави конечните 3-0.

Бетис е на петтата позиција со 53 бодови, односно шест поени повеќе од Селта.

Фото: Facebook/Real Betis Balompié