Тотнем ја шокира Астон вила и избега од зоната за испаѓање (ВИДЕО)

Тотнем ја запиша втората победа по ред во Премиер лигата, откако вечерва славеше на тешкото гостување во Бирмингем кај Астон вила со 2-1 во 35. коло од шампионатот.

Конор Галагер во 12. минута со прекрасен гол донесе предност за Тотнем, додека неговиот соиграч Ришарлисон во 25. минута зголеми на 2-0.

Астон вила одигра очаен натпревар, но и покрај тоа успеа да постигне еден гол во судиското надополнување на второто полувреме и да намали на 1-2.

Тотнем со оваа победа избега од зоната за испаѓање и се наоѓа на 17. место со 37 бодови, односно еден поен повеќе од Вест хем. Астон вила останува на петтата позиција со 58 бода.

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur