Тодороски стана херој на ТСЦ - со два гола донесе бод против Раднички (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски блесна во дресот на ТСЦ на гостувањето кај Раднички (2-2) во 34. коло од шампионатот и борбата за опстанок во елитата.

ТСЦ тргна лошо во натпреварот и му дозволи на Раднички да постигне два гола, по што Тодороски стапи на сцена и на стартот на вториот дел со прекрасен удар од голема далечина погоди за 1-2, а потоа Македонецот погоди и од пенал за 2-2.

Тодороски игра многу добро оваа сезона за ТСЦ и досега запиша осум голови и шест асистенции.

Фото: Facebook/FK TSC