Ѓоковиќ се враќа – ќе игра на Мастерсот во Рим!

Новак Ѓоковиќ се враќа на тениските терени! Организаторите на турнирот во Рим потврдија дека најдобриот тенисер на сите времиња ќе учествува на последниот Мастерс на земјена подлога кој се игра оваа и идната недела.

Ѓоковиќ закажал тренинг за денеска од 18 часот што е јасна потврда дека има намера да се бори за нов трофеј во својата кариера. Својот последен натпревар, Србинот го одигра на почетокот на март во Индијан Велс, кога загуби во осминафиналето од Џек Дрејпер. Потоа, се повлече од турнирот во Мајами поради повреда на рамото, а ги откажа и турнирите во Монте Карло и Мадрид.

Новак има шест титули во Рим, а последен пат триумфираше таму во 2022 година. Минатата сезона го пропушти овој турнир, додека во 2024 година загуби во третото коло.

Ждрепката за мастерсот во Рим е закажана за денеска од 10:30 часот, а првите натпревари се планирани за 6 мај.