„Ме боли кога гледам дека сите тимови трчаат повеќе од Реал Мадрид“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа вели дека не му се допаѓа статистиката која вели дека неговите фудбалери трчаат најмалку на натпреварите.

Арбелоа знае дека тоа е еден од проблемите на Реал Мадрид поради кои втора сезона по ред ја завршуваат без трофеј.

„Ме боли кога гледам дека сите тимови трчаат повеќе од нас. Треба да трчаме повеќе, ова е Реал Мадрид“, вели Арбелоа.

„Мора да трчаме повеќе, потребен ни е пресинг, одбрана. Талентот сам по себе веќе не е доволен и нашите фудбалери треба да го знаат тоа“.

„Реал Мадрид не беше изграден од фудбалери кои одат на теренот облечени во костуми или сакоа. Реал Мадрид значи дека фудбалерите треба да го финишираат натпреварот со дресови полни со пот, залагање и пожртвуваност“.

Фото: X/Real Madrid