
Нема никакви шанси Рашфорд да се врати во Јунајтед додека менаџер е Аморим
Британските медиуми тврдат дека Аморим не го гледа Рашфорд во својот тим ни идната сезона во која ќе има големи промени. И не само тоа, туку се надева дека Астон Вила ќе го откупи неговиот договор и ќе добие 60 милиони фунти за засилувања во летниот преоден рок.
„Не успеав да го убедам Маркус да ја прифати мојата филозофија за фудбалот и да тренира на начинот на кој јас сакам. Некогаш фудбалер блеска кај еден фудбалер, но кај друг не може. Му посакувам се најдобро во кариерата и да се согласува со Унаи Емери“, рече Аморим.
Рашфорд досега одигра девет меча за Астон Вила и иако не постигна гол, оствари четири асистенции, а одлично се согласува со Марко Асенсио кој исто така дојде зимава во клубот од Бирмингем, како позајмен од ПСЖ.