
Италија немаше сили за чудо, Германија е прв полуфиналист во Лигата на Нации! (ВИДЕО)
Германија благодарение на победата од првиот натпревар со 2-1, вечерва и со ремито 3-3 се пласираше помеѓу најдобрите четири.
Домаќините натпреварот го решија во првото полувреме кога ги постигнаа трите погодоци. Кимих отвори по половина час игра, а шест минути подоца видовме урнебесен гол по брзо изведениот корнер на стрелецот на првиот гол, тука во листата на стрелци се запиша Мусиала.
Пред самиот крај Клеиндест се погрижи за уште поубедливо водство на домаќините.
Италија се разбуди во вториот дел и постигна два гола преку Моисе Кин, додека во финишот од пенал за израмнување погоди Распадори.
Покрај натпреварот Португалија - Данска, продолженија се играат и на дуелите Холандија - Германија и Хрватска - Франција.