Од рутинска операција до сериозен проблем - Рибери можел да остане без нога!

Поранешниот фудбалер Франк Рибери кој остави најдлабока трага во дресот на Баерн Минхен поминал низ вистинска драма во својата последна сезона во кариерата.

Рибери откри дека при една рутинска операција на коленото во последната сезона ситуацијата се искомпплицирала поради бактерии кои влегле во неговото тело.

„Коленото се повеќе ме болеше, па речиси и да не тренирав. Ми беше направена операција во Австрија и помина добро, ми беше вградена плоча во коленото. Ситуацијата се влоши пет месеци подоцна поради непријатна инфекција.Навистина беше лошо, имав дупка во ногата и поминав 12 дена на интезивна нега. Малку недостасуваше да ми ја отсечат ногата, бев многу исплашен“, изјави Рибери.

Рибери во својата кариера во Беарн одигра 425 натпревари во кои постигна 124 гола и подели 182 асистенции, а откако замина од Минхен го носеше дресот на Фиорентина и Салернитана.